Имајќи го во предвид успехот на Hyundai со моделот i30 N, Toyota започнала да размислува за нов „жежок автомобил“

Toyota веќе има таков автомобил, Yaris GRMN, кој е навистина единствен во светот на таканаречените hot hatch модели. Како што наведуваат неименувани извори, Јапонците сметаат дека одделот Gazoo Racing треба да ја искористи медиумската заинтересираност што ја добил во текот на изминатата година благодарение на лансирањето на новата Supra и да почне да работи на нов перформантен хеџбек.

Као идеален кандидат за такво нешто се смета Corolla. Овој автомобил е поставен на TNGB платформата на Toyota, и ако добие „перформантен третман“, ќе добие суфикс GR (Gazoo Racing).

Јапонски медиуми наведуваат дека „жешкото“ лето сигурно нема да дојде пред 2020 година, бидејќи Toyota тогаш планира да го претстави својот хиперавтомобил базиран на моделот кој го има покорено Ле Ман. Станува збор за хибриден модел кој ќе ја користи технологијата развиена за фантастичниот TS050 Hybrid. Според тоа, сосема е реално дека и евентуално спортско ориентираниот хеџбек може многу лесно да стане хибрид.

Тецуја Тада, човекот кој го има водено развојот на новата Supra, наведува дека еден ваков модел би бил сериозен предизвик за нивното одделение.

„Имаме многу барања на глобално ниво. Гледаме дека и другите работат на полето на перформантни хеџбек автомобили. Овој сегмент го истражуваме и мораме да направиме вистинска стратегија за нашиот бренд“, вели Тада.