BMW има нова технологија: на автомобилите нанесува боја добиена од био-отпад!
Боите ги обезбедува BASF, а BMW стана првиот производител на автомобили кој ги користи во своите фабрики во Европа
Следниот пат кога ќе фрлите расипано јаболко во контејнер за биоотпад, можеби ќе се приближите до BMW како никогаш досега во животот. Барем на симболично ниво. BMW се обидува да го намали влијанието врз животната средина на својата лакирница и сега ќе користи бои направени од обновливи материјали како биоотпад или отпад од пречистителна станица за отпадни води. Ова, наводно, помага во отстранувањето на суровата нафта од процесот на производство на боја. Овие и други мерки се очекува да заштедат над 15.000 тони емисии на CO2, од сега до 2030 година.
Боите ги обезбедува BASF, а BMW стана првиот производител на автомобили кој ги користи во своите фабрики во Европа. Не само што боите се почисти, туку и ја намалуваат количината на јаглерод што се користи во производството, транспортот и преработката на сурова нафта.
Покрај овие нови бои, фабриките на BMW во Лајпциг и Рослин користат одржливо произведена заштита од корозија и мат боја.
Ова е само последниот чекор кој BMW го има направено за да го направи своето производство позелено, бидејќи уште минатата година воведе нов процес наречен EcoPaintJet Pro кој овозможува попрецизно нанесување на боја. Тоа, исто така, ќе му помогне на производителот на автомобили да заштеди 6.000 мегават-часови енергија и да го намали својот јаглероден отпечаток за 2.000 тони годишно.