BMW подготвува модел i2, кој ќе биде значително поевтин од i3

Раководителот на развој во BMW, Клаус Фролих, за германскиот Manager Magazin вели дека BMW работи на развивање на нов модел. Истиот треба да стигне на пазарот до 2024 година, со цена помала од 30.000 евра.

Сè уште не е јасно дали i3 ќе преживее, а i2 ќе биде неговата поевтина верзија, или автомобилот со иста големина на поевтина основа. Тука е всушност најголемата замка, па затоа тука е Daimler, со кого BMW, наводно, ќе сподели развој на нова платформа.

Цената нема да биде единствената добра работа кај новиот i2. Автомобилот, за разлика од i3, ќе добие поконзервативен изглед, веројатно во форма на купе со четири врати. Во тој случај, i3 ќе остане и ќе добие нова генерација.