По 17-годишна пауза, Ford ja враќа Puma, но во сосема ново издание

Во време кога од автомобилите се бара посебно чувство во возење, Ford Puma е вредна за размислување. Атрактивно дизајнираното мало купе на основата на Fiesta некогаш пленело со изгледот, но исто така и со одличните возни квалитети. Докажаната механика и одличниот концепт ја направиле Puma одличен возачки автомобил, така што автомобилот се здобил со голем број фанови за пет години од своето постоење и меѓу позрелата публика.

Денес ситуацијата е поинаква. Се бараат кросовер модели, просторност и широк спектар на индивидуализација, што значи уште еден Ford кросовер. а тоа ќе биде Puma. Во Ford, велат дека со 456 литри ќе има најголем багажник во класата. Поставен на одличната основа на Fiesta, Puma во ирбано издание паралелно ќе се продава со Ecosport.

„Ако сакате автомобил кој мами погледи во петок навечер, а во сабота попладне ќе „проголта“ парче мебел, тогаш сте го нашле“, вели претседателот на европската филијала на Ford, Стјуард Роули.

Погонот ќе биде достапен и во хибридна форма со 1.0 EcoBoost мотор и 48V систем. Моќноста што ќе ја дава е 155 КС.

И додека оригиналот доаѓал од германските погони, новиот модел ќе доаѓа од Романија. Ford во фабриката vo Крајова инвестираше 1,5 милијарди евра.