Безбедносна тврдина на тркала: Се превртеле шест пати и поминале без никакви повреди / ВИДЕО
Несреќата се случила со голема брзина кога возачот на Mazda CX-5 ненадејно скршнал кон излезот од автопатот
Последната генерација на Land Rover Defender доби максимален број ѕвезди на безбедносниот тест на EuroNCap. Но, што значат тие пет ѕвезди во пракса?
Тоа го открил возач на автопатот во близина на Орландо, Флорида, од каде доаѓа неверојатното видео.
Несреќата се случила при голема брзина, а на видеото се гледа како Mazda CX-5 ненадејно свртува кон излезот од автопатот и во еден момент доаѓа во контакт со Land Rover Defender.
Следува хаос од 10 секунди, а по шест полни превртувања, Defender-от застана на тркалата.
Несреќата се случила пред неколку месеци, а полицијата открила дека возачот и сопатниците во Defender-от се здобиле само со полесни повреди.