Бахреин ќе го финансира „проблематичниот“ McLaren
Британците ќе добијат заем од Националната банка на Бахреин
McLaren Group и Националната банка на Бахреин работат на финализирање на заемот што ќе и помогне на британската компанија да се справи со финансиските потешкотии предизвикани од пандемијата на COVID-19. Заемот ќе и овозможи на McLaren Group да го направи првиот чекор од претстојното рефинансирање, што треба да ги стабилизира бизнисите на компанијата.
Mumtalakat Holding Company, инвестицискиот фонд на Кралството, поседува 44% од Националната банка на Бахреин, но и 56% од McLaren. Ова ги гарантира поволните финансиски услови што британската компанија ќе ги добие заради индиректната поврзаност на двете земји.
McLaren Holdings наскоро ќе започне правен процес за укинување на хипотеката на имотот во Вокинг и историската колекција на автомобили со цел да се обезбеди финансирање преку хипотека на имотот или дури и продажба. Според документите, Британците бараат 280 милиони фунти, а оваа сума треба да се обезбеди до средината на јули.
McLaren е вториот тим во Formula 1 кој јавно ги објави своите финансиски проблеми. Кон крајот на минатиот месец, Williams призна дека бара инвеститори и дека е можно тимот да ги смени сопствениците.