За среќа, сите учесници ја преживеале несреќата

Ако сте еден од оние кои страдаат од фобија поврзана со мостови, дефинитивно препораката е да не го гледате видеото подолу. Станува збор за снимка од рушење на мост кое се случило пред неколку дена во индиската држава Утаркханд, недалеку од кинеската граница.

Според Times Now New, камионот превезувал тешка машинерија, односно работно возило за потребите на изградба на пат кај месото Мила. За време на преминувањето на мостот, констукцијата малку се деформирала и кога се чинело дека сè ќе помине без негативни последици, едната страна на мостот попуштила, а со тоа и целата конструкција. На снимките не се гледа колку длабоко паднал камионот, но според извештајот, возачот и совозачот преживеале, иако со сериозни повреди биле однесени во блиската болница.