Купувањето на нов автомобил е се поголема инвестиција

Тука се поставува и прашањето колку време таквиот автомобил останува кај првиот сопственик? Секако, тоа зависи од повеќе фактори, вклучувајќи ги и марката и моделот. Ова јасно го покажуваат податоците кои доаѓаат од Америка.

Американската веб-страница iSeecars.com, врз основа на анализа на податоци од огласи за продажба на автомобили, направила список на брендови и модели од кои на сопствениците им е најтешко да се разделат. Повеќето од овие автомобили доаѓаат од јапонски производители. 

Кој најмногу се истакнува во рангирањето? Пет марки се рангирани над просекот од 6,1 години.

  • Toyota: 9,8 %
  • Honda: 8,1 %
  • Subaru: 8,0%
  • Acura: 7,9 %
  • Mazda: 6,3 %

И кои се модели од кои сопствениците најтешко се откажуваат? Доминацијата е очигледна.

  • Toyota Prius: 13,7 %
  • Toyota Highlander: 12,4 %
  • Toyota Tacoma: 11,6 %
  • Toyota Sienna: 11,5 %
  • Toyota Tundra: 11,3 %
  • Honda CR-V: 10,7 %
  • Honda Pilot: 10,4 %
  • Subaru Forester: 9,8 %
  • Toyota 4Runner: 9,4 %
  • Toyota Sequoia: 9,1 %

Во однос на поединечни сегменти, спортските автомобили доминираат. И повторно од Азија

  • Mazda MX-5: 7,6 %
  • BMW Z4: 6,7 %
  • BMW M5: 4,9 %
  • Chevrolet Corvette: 4,3 %
  • Ford GT: 4,2 %
  • Audi S4: 4,1 %

Рангирањето на iSeecars се базира на анализа на 660.000 податоци за продажба на автомобили, односно во предвид се земени податоци во врска со автомобили произведени од 1981 до 2005 година. 

Кои заклучоци можат да се извлечат од ова америкаснко рангирање? Здравиот разум сугерира дека ако некој одлучи да го задржи возилото во своја сопственост подолго време, тоа е од економски причини поврзани со ниски оперативни трошоци, или пак поради задоволство од неговото експлоатирање на пример, поради ниската стапка на дефекти и долговечноста на автомобилот. Или можеби двете. Во случај на спортските модели, влијанието на колекционерите на автомобили исто така може да биде значајно.