Formula 1 објави дека поради проблеми со пандемијата, која го ограничува влезот во некои земји, отворањето на сезоната ќе се одржи во Бахреин на 28 март. 

 

ГН на Австралија и Кина се одложени за вториот дел од сезоната, а место во овогодинешниот Formula 1 календар добива и Имола, кој ќе биде домаќин на втората трка од сезоната.

„Среќни сме затоа што можеме да потврдиме дека бројот на планирани трки ќе остане непроменет“, вели Стефано Доменикали. „Одлична вест е дека можевме да одредиме нов датум за трката во Австралија, во ноември, и сè уште работиме со нашите колеги во Кина на решение за трката во Шангај оваа година.

 

„Многу сме возбудени поради враќањето на Имола во календарот за 2021 година. Знаеме дека и навивачите ќе се радуваат на трката во Имола по првата трка во сезоната во Бахреин. Се разбира, ситуацијата околу вирусот диктира сè, а поучени од искуството од минатата сезона, ние се прилагодуваме на ситуацијата заедно со нашите партнери и промотори на трки“, заклучува Доменикали.

Loading...

The Daily Life of the Immortal King (https://animeheaven.pro/m/PPk8) Episode 15 at website https://animeheaven.pro animeheavens

My Hero Academia 4 Episode 25 at website https://kissanimeonline.com kissanime2