Една од најочекуваните премиери оваа година, новата генерација на Peugeot 308 наскоро ќе го здогледа светлото на денот

Француската марка е решена премиерата на новата 308-ца да се случи во март, а продажбата да започне во октомври. Хибридните изданија на овој автомобил треба да се појават на пазарот во декември. Сепак, тоа не е сè кога станува збор за гамата на моделот. Новинарите од Франција пишуваат и за доаѓање на уште една варијанта.

Се посочува дека Peugeot ќе претстави и кросовер издание на моделот 308, се со цел дополнително зголемување на продажбата. Засега нема прецизни информации за оваа варијанта, но француските медиуми посочуваат дека во споредба со хечбек изданието, кросовер варијантата ќе се разликува со поголемо растојание од земјата, малку поизразена опаѓачка линија на покривот…

Новинарите од Франција наведуваат дека новата варијанта би можела да се вика Cross Coupe, како и дека оваа верзија е дел од поголем план на групацијата PSA, односно нејзиниот извршен директор Карлос Таварез. Така, Peugeot 308 Cross Coupe треба да биде еден од автомобилите на Peugeot кој ќе се пласира и на американскиот пазар.

Интересно е што новинарите од Франција велат дека 308 Cross Coupe ќе се најде во продажба во декември, кога веќе е најавена продажбата на хибридните изданија на 308, па може да се заклучи дека кросовер варијантата ќе користи хибриден погонски систем.