Порталот veygo.com истражувал кои суперавтомобили се најпопуларни на интернет, а победникот е Audi R8

Иако на суперавтомобилот на Audi не му цветаат рози кога станува збор за продажбата, очигледно овој модел е повеќе од популарен. Сепак, оние што го бараат овој тип на возило на интернет во повеќето случаи немаат пари да си дозволат таков луксуз, и сè останува само на пребарување и веројатно неколку очајни воздишки.

Затоа, бројот на пребарувања на интернет не соодветствува со бројот на продадени примероци на суперавтомобилот на годишна основа. Колку Audi R8 всушност е популарен е фактот дека во истражувањето спроведено во 169 земји, суперавтомобилот на Audi на интернет е најпопуларен во дури 95 земји, меѓу нив и Македонија.

Bugatti Chiron е на второто место, додека Lamborghini Aventador е на третото место.

Од Veygo наведуваат дека бројот на пребарувања е прикажан на месечна основа (иако не е истакнато за кој месец од оваа година станува збор), а во резултатите се сметаат само моделите кои се појавиле на пазарот во последните десет години. Листата е малку чудна, бидејќи, на неа се наоѓаат и автомобили кои не припаѓаат на категоријата за која станува збор како што се Toyota GT86, Alfa Romeo Giulia итн …

Модел и број на пребарувања: