Германскиот производител на премиум автомобили Audi може да остане во втор план во однос на амбициите на Volkswagen Group за следната деценија

Audi последниве години е клучен адут на VW во развојот на технологијата, но заостанува зад конкуренцијата во областа на автономни возила.

Последниот адут Audi, A8 е полу-автономен, па затоа конкурентите значително ги надминаа, како што е на пример Googlе WAYMORE.

VW Group сака во иднина повторно да се издигне како лидер во индустријата по неколкуте турбулентни години, а тоа би требало да биде претставено со новиот десетгодишен план.

Планот кој на Надзорниот одбор во средината на ноември ќе го претстави првиот човек на VAG, Херберти Диес, се фокусира на намалување на трошоците за истражување и развој, како и зајакнување на соработката со партнерите како Ford на пример, кој тесно соработува со Google WAYMORE.

Покрај тоа, групата VW ќе се фокусира и на компании кои развиваат софтвер и батерии, што се земено како комплет, Audi може да го остави во втор план.

Ова, се разбира, не значи катастрофа за Audi, кој е еден од најбараните брендови во светот, туку само губење на важна улога во планот за развој во рамките на групата.

VW минатата година потрошил 13,1 милијарди долари за развој на нови технологии, а Диес во нардениот периоду планира да ја централизира сегашната структура, што ќе значи помалку слобода за Skoda, Seat, Audi, Porsche, Bentley, Bugatti, Lamborghini, Ducati, и МАН.

Loading...