Купувањето автомобил од соништата е нешто што може да си го приуштат ретки ентузијасти низ светот. Поседувањето на такво возило е сосема друга приказна, но не е ни невозможно да се купи суперавтомобил иако не сте богат човек.

Денес, некои агенции нудат автомобили од сите видови, модели, години и сегменти, па дури и оние суперскапи по пристапни цени.

Се разбира, станува збор за возила кои имаат тотално оштетување на каросеријата, моторот или некој друг дел, а кои со осигурувањето не се исплати да се поправаат.

Тоа значи дека буквално може да купите автомобил од 80.000 евра за 20-30 илјади, да го поправите и да го возите. Се разбира, ова не е лесно, но во суштина е идеја.

Еден таков пример е следното видео во кое оштетено Audi R8 е купено за половина од неговата пазарна цена. Се разбира, како и секое купување на половен автомобил, се е „мачка во вреќа“, а така е и во оваа ситуација.

Без оглед на фактот што однапред сте зачувале одреден буџет за поправка на гореспоменатите дефекти и некои дополнителни трошоци, тие често знаат да бидат повисоки од планираното.

Погледнете сами.

Loading...