Audi годинава претставува два футуристички концепти
Како што пишува изданието Autocar, германскиот автомобилски гигант овие концепти ќе ги претстави на автомобилските саеми во Шангај и Франкфурт
„Имаме концепти како што е Q4 e-tron кои повеќе или помалку подготвени за производство, а еден од нив ќе понуди увид во иднината на нашиот дизајн. Ние исто така имаме и автомобили кои се 10-15 години напред, како што е на пример Aicon. Едниот ќе го претставиме во Шангај (следниот месец), а другиот во Франкфурт (септември“, вели Марк Лихте, шеф на дизајнот во Audi.
Лихте објаснува дека e-tron GT и Q4 e-tron ја покажуваат следната генерација на дизајн, која ќе се појави за три години.
Но, концептот што ќе биде презентиран во Шангај во април, Лихте најавува чекор напред.
„Во Шангај ќе видите визија за електричните возила за десет години. Ќе видите и чекор напред во дизајнот. Концептот ќе демонстрира Ниво 4 на автономија кое ќе влијае на промени на екстериерот. Овој автомобил ќе ви даде идеја за тоа како може да изгледа внатрешноста на возило без волан“, објаснува Лихте.