Врската меѓу Џејмс Бонд и Aston Martin барем од оваа перспектива изгледа речиси нераскинлива. Славниот агент 007, ги има провозено скоро сите модели на британскиот бренд, па затоа и не звучи нелогично што Бонд во следниот филм ќе се запознае со концептот на електромобилност

Со оглед на тоа дека во претходниот филм Бонд возеше специјално изработена копија од моделот DB10, новото искуство ќе сигурно ќе биде драгоцено. Во бурните акциони сцени, Бонд ќе се најде зад воланот на моделот Aston Martin Rapide E, барем како што пишува англискиот Gardian.

Спортскиот автомобил со четири врати е произведен во само 155 примероци и  развиен во партнерство помеѓу Aston Martin и Williams Advanced Engineering, сестринска компанија на F1 тимот на Williams.

Новиот автомобил на Бонд ќе се разликува по детали на надворешноста, но занемарливи во споредба со верзијата што ја користи моторот со внатрешно согорување. Батеријата со капацитет од 65 kWh, како и електричните мотори, се поставени на местото на срцето во конвенционален примерок со V12 ритам.

Ваква поставка на погонската единица обезбедува испорака на 610 коњски сили и 950 Nm максимален вртежен момент, пред се благодарение на претходно споменатиот двоец на електрични агрегати. Ова се рефлектира во забрзувањето кое кај Bond Rapide E е околу 4 секунди, додека максималната брзина на тајниот агент во овој електромобил е околу 250 km/h

Бонд сите свои потери ќе треба да ги смести во помалку од 320 километри, колу што е автономијата по циклусот WLTP.

Сепак, електричното задоволство во режија на британскиот бренд не може да се понуди по прифатлива цена. Почетната цена за Rapide E ќе изнесува околу 290.000 евра. Што се однесува до додатоците, ние сме сигурни дека Бонд нема да се откаже од карактеристичните уреди, како што се ротирачките табели на неговиот омилен DB 5 модел.