По новиот SUV модел Q8, A1 Sportback, освежениот TT, време е за новата генерација на Audi Q3

Втората генерација на кросоверот, Audi ќе ја престави во среда на 25-ти јуни.

По бројните шпионски фотографии, Audi со промотивното видео дава само потврда за новиот дизајнерски стил во своето SUV семејство. Иако промените во однос на моделот кој заминува не се премногу големи, сепак новиот Q3 ќе има значително помодерна линија.

Што се однесува до погонот, се очекуваат стандардните 1.5-литарски TSI и 2.0-литарски TDI агрегати, а подоцна и plug-in хибрид со автономија од 50 km само на електрична енергија.

Во текот на 2019 година се очекуваат и спортските варијанти – SQ3 и RS Q3.