B-Nano на Bolt е за споделени патувања во големите градови

Bolt спаѓа во редот на најнепознатите и со најнеизвесна судбина автомобилски производители, иако нуди нешто интересно – мал електромобил за големите градови, а финансирањето доаѓа од легендарниот атлетичар Усаин Болт.

Автомобилот е создаден според формулата на Renault Twizy и нуди место за две лица распоредени еден зад друг. Автономијата на возилото со едно полнење сепак е скромна – 25-30 километри, па затоа и е насочен кон користење главно во градска средина.

Bolt започна со електрични скутери, исто со мало автономија – до 3 километри, а сега во палетата влегува и споменатиот електромобил кој го носи името B-Nano.

Премиерата на B-Nano се одржа на конференцијата Viva Technology во Париз, а презентацијата ја направил лично Усаин Болт. Од компанијата велат дека тоа е единствениот електричен микроавтомобил, на кој му се менува батеријата. Во Bolt се убедени дека овој можеби застарен концепт, напуштен од големите компании поради високите цени на батериите, се уште може да биде реализиран. Сериското производство на B-Nano треба да започне во 2021, но компанијата собира нарачки, иако сеуште нема информации како точно ќе се развива инфраструктурата за нормална експлоатација на овие електрични автомобили.

Генерално, B-Nano е создаден за споделени патувања, а тоа значи дека екипите на компанијата, кои се грижат за овие автомобили само ќе ги заменуваат батериите на паркираните возила, за да ги вратат во функција.

Bolt веќе нуди споделени патувања во Париз со електрични скутери, а компанијата има планови да се прошири и во други големи европски градови.

Компанијата Bolt е основана минатата година, седиштето на компанијата е во Флорида, а нејзината цел е „да се пополнат празнините во микро мобилноста“.