Популарноста на SUV сегментот влијае врз продажбата на седаните на Mercedes во САД, поради што германската компанија се одлучила за драконско решение

Автомобилскиот гигант од Штутгарт ќе престане да ја произведува С-класата во својата фабрика во Алабама, со цел да го зголеми капацитетот за производство на моделите GLE и GLS.

Mercedes очекува уште поголем раст во продажбата на GLE, со новата генерација на популарниот SUV кој доаѓа наскоро.

Се проценува дека продажбата на SUV моделите на Mercedes ќе се зголеми за 28% во наредните четири години, а целиот сегмент за 30%.

Во меѓувреме, продажбата на С-класата во САД доживеала пад од речиси 50% во последните три години, од 81.886 единици во 2015 година на само 46.986 минатата година.

Се проценува дека во 2019 година, Mercedes ќе продаде 3.000 примероци помалку од својот седан, со што уделот во производствениот капацитет на фабриката во Алабама ќе падне до 19%, во споредба со 31% пред четири години.

„SUV е совршено возило за САД. Американците ја сакаат пространоста и удобноста на SUV возилата“, изјави минатиот месец Ола Калениус, кој наскоро ќе го наследи Дитер Цетче како извршен директор на Daimler.

Новата генерација на Mercedes C-класата треба да се појави околу 2021 година, а поради прекинот на производството во САД, таа ќе се прави во погоните во Бремен (Германија), Источен Лондон (Јужна Африка) и Пекинг (Кина), каде што се прави и продолжената верзија наменета исклучиво за локалниот пазар.