Тој лично ја презема контролата на сите трошоци на компанијата

Основачот и генерален директор на Tesla – Илон Маск, соопшти дека производителот на електрични автомобили ќе остане без пари за 10 месеци, ако раководството не преземе сериозни мерки за намалување на трошоците. Ова произлегува од писмото на Маск до неговиот персонал, кој некако дојде во рацете на американските медиуми.

Во првиот квартал од 2019 година, Tesla загуби 702 милиони долари и дополнително ја влоши својата финансиска позиција. Сега Маск и Зак Киркхорн, кој неодамна беше назначен за финансиски директор, имаат намера лично да ги контролираат сите трошоци на компанијата, вклучувајќи ги парите за снабдување со делови и опрема од надвор, платите на вработените, техничките трошоци и друго, пишува The Verge.

Во април приходите на Tesla се 2,7 милијарди долари, но во писмото на Маск се вели дека оваа сума е доволна само за 10 месеци работа, ако не се преземат мерки. Пред една година милијардерот излезе со слични ставои и ги повика вработените максимално да ги ограничат трошоците.

Подоцна Маск ја поедностави организационата структура на компанијата и во јуни 2018 година за 9% го намали бројот на вработените, а во јануари 2019 година таа бројка се намали за дополнителни 7%.