Француски министер побара смена на шефот на Renault

Целосно очекувано, апсењето на големиот шеф на Renault-Nissan, Карлос Гон во Јапонија, негативно се одрази на вредноста на акциите на автомобилските марки, кои се дел од Алијансата. Акциите на Nissan паднаа за 4%, на Mitsubishi за 7%, а на Renault за 2,5% по иницијалниот пад од 8% достигнувајќи најниско ниво во последните 4 години.

Сеуште ја потврди информацијата за истрагата што оди против Гон, не е многу, но реакциите на неговото апсење се интересни.

Претседателот на Франција Емануел Макрон изјави дека земјата „исклучително внимателно” ќе ја следи ситуацијата и стабилноста на Renault Group и Алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi, но објаснува дека „се уште е премногу рано за коментар“ околу апсењето и истрагата на Карлос Гон.

Освен тоа Макрон вети и „целата поддршка“ на француската влада на вработените на Renault, бидејќи компанијата е еден од симболите на француската индустрија, не само на автомобилската. Се очекува дека оваа недела Nissan ќе се ослободи од Гон, по што е веројатно дека тој ќе ги загуби позициите и во Renault, Mitsubishi и воопшто во Алијансата.

Францускиот министер за финансии Бруно ле Мер изјави дека Гон „не е во позиција“ да остане на чело на Renault, а француската држава има 15% удел во автомобилскиот производител. Се очекува денеска Бордот на директори на компанијата да избере привремен заменик на Гон за функцијата извршен директор. Ле Мер додава дека задржувањето на сојузот меѓу Renault и Nissan останува приоритет за Франција и Јапонија, како и за двете компании.