Alpine A110 или BMW M2 Competition? ВИДЕО
Alpine A110 или 56.000 евра поскапиот BMW M2 Competition – кое мало спортско купе е подобар избор?
A110 има мотор лоциран во средината на возилото, алуминиумска шасија и спартанска конструкција што помaга да се намали масата на минимум.
„Спортистот“на Renault се придвижува со 1.8-литарски мотор со само 250 КС, притоа е пола тон полесен од BMW M2 Competition.
Баварскиот адут во Competition верзија под хаубата има моќен реден 6-цилиндерски агрегат од M4 со импресивни 404 КС.
Нема сомнение дека А110 и М2 го симнале од тронот лидерот на помалите и попристапни спортски купе модели, Porsche Cayman, но кој?