Алонсо: McLaren е изненадувачки добар
Поранешниот возач на McLaren, Фернандо Алонсо, во изјава за британските медиуми изјави дека болидот за новата сезона е изненадувачки добар и верува дека тимот се движи во вистинската насока пред почетокот на сезоната
Да потсетиме дека двократниот Formula 1 шампион Фернандо Алонсо ја презеде улогата на тимски амбасадор по неговото заминување од спортот. Алонсо, исто така, ја презеде улогата на тест-возач на тимот на McLaren, вест која стана официјална за време на втората недела од тестирањето во Барселона.
„Учиме на грешките. Минатата недела бев во контакт со тимот и бев запознаен со проблемите на болидот за оваа година. Оваа недела го потврдивме концептот со кој ќе бидеме во Мелбурн, а сè што му останува на тимот е да го подобриме она што може да се подобри“, вели Алонсо.
„McLaren позитивно ме изненади. Среќни сме што резултатите, иако не можеме да ги кажеме дека се совршени, но гарантираат дека се вистински чекор во обновувањето на имиџот на овој тим“.
Алонсо воедно ќе дава услуги и во техничкиот оддел, каде што ќе дава повратни информации на овогодинешните возачи на McLaren, Карлос Саинз Јуниор и Ландо Норис. Шпанецот вели дека ова дуо е совршена комбинација за тимот од Вокинг и дека ќе се подобрува како поминува годината.
„И двајцата се подготвени за предизвикот што ги чека. Мојата улога тука е тимот да разбере што точно возачите мислат за болидот. Често се случува возачите да зборуваат на еден јазик, а инженерите на друг“, вели Шпанецот.