Германскиот производител го дополни семејството AMG GT со новиот портски двосед со отворен кров

Во суштина, станува збор за кабриолет верзија на најмоќниот Mercedes-AMG GT Coupe R, опремен со платнен кров.

Дизајнерски сличен со GT Coupe R, AMG GT R Roadster има конструкција направена од комбинација на алуминиум, магнезиум и челик. Како и кај стандардниот модел GT R со цврст кров, под капакот на моторот, се наоѓа 4.0-литарски V8 twin-turbo кој произведува 585 КС (430 kW) и 700 Nm вртежен момент. Моторот е поврзан со 7-степен автоматски менувач со двојна спојка, благодарение на што автомобилот од 0 до 100 km/h забрзува за само 3.6 секунди, пред да достигне до максималните 317 km/h.

Mercedes-AMG GT R Roadster е опремен со специјален, три-слоен платнен кров, а дизајнот на салонот е ископиран од купе моделот и вклучува 12,3 инчна дигитална инструмент табла и централен 10,25 инчен екран од мултимедијалниот систем.

За возачот и совозачот да уживаат во возењето со спуштен покрив и при студено време, се грижи Mercedes-Benz AirScarf системот за загревање, кој ја загрева кабината на висина на вратот.

Не само дизајнот е мамка за купување на овој кабриолет, туку и неговите спортски возни карактеристики. Системот за суспензија е прилагоден за тркачка патека, а автомобилот е опремен и со систем за управување на задните тркала. GT R ​​Roadster има и активен систем кој, во зависност од брзината, ја менува аеродинамиката на автомобилот во возење со движење на индивидуалните аеродинамични елементи на каросеријата.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”187RnVxxrXlK-D–8uziRA90tkPcJQq3I” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Mercedes најави ограничено производство од 750 единици годишно, а цената ќе биде познат по официјалната премиера на Салонот за автомобили во Женева оваа недела.