Alfa Romeo Tonale – „Сува“ италијанска убавина
Концептот на првиот Alfa Romeo plug-in хибриден SUV од средна големина дебитира на тековниот авто салон во Женева
Tonale се приклучува на растечкиот сегмент кој зборува со карактеристичен јазик на убавина што го користи Alfa Romeo – урбан изглед и спортски карактер.
Препознатливите карактеристики на италијанскиот стил се проектирани во иднина, со што е постигнат совршен однос на драгоценото наследство и предвидување на нови правила за дизајн.
Во согласност со манифестот на брендот Alfa Romeo, секој детаљ е дизајниран според потребите на возачот. Уживањето во возењето лежи во ергономијата, висококвалитетните материјали и, пред сè, во незаменлива динамика.
Внатрешноста се карактеризира со 12,3-инчен дигитален екран со дијагонала од 12,3 инчи за кластерот на инструментација и 10,25 инчи дисплеј од инфо-забавниот систем. Тука е и пријатното LED амбиентално осветлување кое создава прекрасна атмосфера, а кое сигурно ќе биде пренесено и во серискиот модел.
Техничките спецификации се уште се тајна. Она што се знае е дека брендот ќе лансира шест PHEV модели до крајот на 2022 година, а Tonale сигурно ќе биде еден од нив.