Alfa Romeo Stelvio QV vs Mercedes-AMG GLC 63 / ВИДЕО
Top Gear ни овозможи интересен дуел на патеката – два семејни автомобили кои заедно имаат повеќе од 1.000 КС
Од една страна е адутот на италијанската гордост – Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio, а од друга страна германскиот престиж – Mercedes-Benz GLC 63 AMG.
На хартија, SUV моделот на Alfa Romeo има 512 КС twin-turbo V6, а моделот на Mercedes 501 КС кои доаѓаат од twin-turbo V8.
Двата модели имаат погон на четири тркала, имаат приближно иста тежина, и двата се носители на рекорди во „зелениот пекол“ на Нирнбургринг.
Поточно, Mercedes AMG го презеде рекордот oд Alfa за најбрз SUV за помалку од две секунди во ноември.
Единствената вистинска разлика помеѓу овие два модели е вртежниот момент, а тука голема предност дава 4.0-литарскиот мотор на AMG. Ова му дава на моделот на Mercedes предност на самиот почеток, но може ли истата да ја задржи до самиот финиш?