Италијанците подготвиле уникатни верзии на Giulia и Stelvio QV

Италијанскиот производител Alfa Romeo на претстојниот авто салон во Женева официјално ќе претстави специјални верзии на седанот Giulia Quadrifoglio и кросоверот Stelvio Quadrifoglio посветени на тркачкото минато на марката и на нејзиното враќање во Formula 1.

Сите автомобили од серијата, која ќе биде пуштена во ограничен тираж, ќе бидат насликани во стилот на C38, Formula 1 болидот на Alfa Racing за 2019 година. Во опремата на моделите од гамата QV Alfa Romeo Racing влегуваат седишта Sparco со црвени ленти, многу карбон , рачка Mopar исто од карбон за преносот, како и волан со кожа и алкантара.

Седанот Giulia QV Alfa Romeo Racing добил покрив од композитни материјали, полирани 19-инчни фелни (кај Stelvio QV тие се 20-инчни), како и карбон-керамички сопирачки механизми. За двата автомобила се предвидени и титан издувен систем од Akrapovič.

Разликите во опремата не се ограничени на ова. Стандардно двата автомобила добиваат прилагодлив круз-контрол, аудио Harman Kardon, мултимедијален систем Alfa Connect 3D Nav со 8.3-инчен дисплеј и поддршка за iOS и Android.

Двата модела имаат прилагодлива суспензија со електронски управувани амортизери, систем за контрола на векторизацијата и селектор за промена на режимите на движење со тркачки профил.

Alfa Romeo Stelvio и Giulia Quadrifoglio се придвижуваат со 2.9-литарски битурбо V6 мотор, чија моќност е 510 КС и 600 Nm вртежен момент. Моторот работи во комбинација со 8-степен автоматски менувач. Кросовер моделот забрзува од 0 до 100 km/h за 3,9 секунди, а седанот за 3,8.

Покрај овие два машини, компанијата во Женевa ќе ги претстави и модификациите Stelvio Ti и Giulia Veloce Ti. Тие се потпираат на 2.0-литарски бензински турбомотор со моќност од 280 КС и 400 Nm вртежен момент, кој се комбинира со 8-брзински автоматски менувач и систем за погон на четири тркала Q4. Разликите од стандардните модели се во бојата на каросеријата и опремата.