Alfa Romeo на тронот на „1000 Miglia“! Достигнат и рекорд стар 22 години
Екипажот со број 46, возејќи Alfa Romeo 6C 1750 SS ZAGATO од 1929 година, го повтори успехот од 2021 година
Минатата недела (15-18.06) се одржа една од најпознатите светски трки „1000 Miglia“ на која победија Андреа Веско и Фабио Салвинели по неколкудневно возење низ живописната Италија.
Екипажот со број 46, возејќи Alfa Romeo 6C 1750 SS ZAGATO од 1929 година, го повтори успехот постигнат во 2021 година. За Веско, кој славеше и во 2020 година заедно со неговиот татко Роберт, ова е посебна прослава бидејќи го собори рекордот од три последователни победи на трката.
Досега единствениот кој го постигнал овој успех е Џулијано Кане, славејќи три пати по ред во периодот од 1998 до 2000 година.
Инаку, Енцо Ферари своевремено оваа уникатна и светски позната трка ја опишувал како „најубавата трка на светот“.