Германското суперкупе против италијанскиот суперседан. Кој е победник?

„Двобојот“ е организиран на аеродромот Јунузели во Бурса, Турција, чија писта е искористена за возбудлива трка на забрзување.

Овој пат за двобој помеѓу Mercedes-AMG C63 S Coupe и Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio.

Италијанскиот модел со новиот систем за погон на задните тркала е вистинско освежување во премиум сегментот, каде со години владеат Mercedes и BMW. За потсетување, под хаубата на Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio се наоѓа 2.9-литарски V6 twin-turbo со 510 КС и 600 Nm. Агрегатот на Mercedes има ист број на коњски сили, но со за 100 Nm повеќе вртежи во минута (700 Nm).

На погонските тркала, гумите Pirelli P Zero се со иста димензија, но германскиот модел има 10 милиметри пошироки гуми напред. Карбон-керамичките сопирачки на Alfa се носат со малку помала маса, што е важно при кочење.

Погледнете!