Дали Tesla Cybertruck може да се соочи со проблеми во врска со безбедноста?
Претерувањето понекогаш не носи ништо добро, а Елон Муск и неговата Tesla Motors наскоро би можеле да се уверат во тоа
Имено, сè повеќе луѓе изразуваат загриженост за конструкцијата на Cybertruck. Верувале или не, дури и големината не е основа на контроверзи затоа што има и поголеми, како што е Ford F-450. Проблем би можеле да бидат дизајнот и материјалите. Доволно е да се размисли што би се случило ако таква „грдосија“ налета на мотоциклист или некој послаб учесник во сообраќајот. А такви има многу
Во целата приказна се вмешал ANCAP (Australian New Car Assessment Program), австралискиот пандан на EuroNCAP, изразувајќи загриженост за контроверзниот дизајн на Tesla. Џејмс Гудвин во име на агенцијата изјавил дека оваа форма и примената на не’рѓосувачки челик е голем ризик за другите корисници на патиштата. Според него, Тesla е позната по практиката да им дава приоритет на патниците кога станува збор за безбедноста во однос на пешаците и велосипедистите.
„Размислувајќи за другите учесници во сообраќајот, има многу груб преден крај, и се чини дека во случај на судир, автомобилот не би бил воопто „нежен“ кон нозете на пешаците“, коментира Гудвин.
Сепак, тој е уште позагрижен за цврстината на самото тело.
„Екстремната цврстина на панелите што ги опкружуваат патниците обезбедува заштита од, на пример, удари со чекан, но кој во случај на судир ќе ја преземе кинетичка енергија на себе? Претпоставуваме дека возилото е способно да ја апсорбира енергијата од судирот затоа што ако тоа не е така, луѓето во салонот ќе го сносат најголемиот дел од товарот (ударот)“, вели Гудвин.
Несомнено, Тesla ќе мора да промени многу пред почетокот на производството, од самиот дизајн до деталите како што се инсталација на бришачи, индикаторите за насока, „нормални“ гуми…