Добро прочитавте. Светот дочека и еден автомобил да се најде во избраното друштво на холивудски ѕвезди

Сосема сигурно и заслужено. Моделот „глуми“ од 1955 година, а во тие 67 години активна „глума“, учествувал во повеќе од 1.750 филмови, серии и ТВ-емисии. Автомобилот се појавил и во 30 филмови номинирани за филмски награди, а од 1960 година се појавува во најмалку еден филм секоја година. Врвот на Данте, Џон Вик и Падот на Олимп, се само некои од најновите филмови во кои овој автомобил се појавува.

Претпоставувате веројатно. Станува збор за американскиот Chevrolet, односно неговиот славен Suburban модел.