Специјална верзија за јубилејот – Volkswagen стигна до 1.000.000 Touareg примероци
Германскиот производител го означи јубилејот на својот SUV модел со специјална верзија соодветно наречена Touareg One Million
За да стигне до еден милион продадени Touareg возила, на Volkswagen му беа потребни 17 години. Првата генерација е лансирана во 2002 година, а јубилејот се бележи во времето на актуелната трета генерација, лансирана во 2018 година.
Токму во знак на прославата по повод еден милион возила, Volkswagen претстави специјална серија на Touareg, наречена One Million.
Автомобилите во ова издание од стандардната верзија се пазликуваат по Sechura Beige бојата на каросеријата и црните детали со висок сјај. Клиентите може да избираат помеѓу алуминиумски фелни од 20 и 21 инчи, а дека станува збор за посебна, јубилејна серија, се гледа и од ознаката One Million на Б-столбот и на праговите на возилото.
Доколку клиентот сака, овој Touareg може дополнително да го подобри со опционалниот R-Line Black Style пакет на опрема.
Под капакот на моторот се наоѓа 3.0 V6 TDI со 286 КС (210 kW) и 600 Nm максимален вртежен момент. Автомобилот од 0-100 km/h забрзува за 6.1 секунди, а највисоката брзина е 235 km/h.
Почетната цена на VW Touareg One Million Edition во Германија ќе изнесува 80.880 евра.