Изненадување од BMW – X7 во камионет верзија / ФОТО
Иако извршниот директор на BMW пред само неколку недели ја отфрли можноста за пик-ап модел, баварскиот премиум гигант сепак изработил свој камионет
BMW ја изненади јавноста со презентирање на пик-ап верзија на новиот SUV X7. Станува збор за камионет со пет седишта и мануелно направен карго простор од полирано дрво.
Единствената копија за чија изработка биле потребни 10 месеци, е создадена од страна на стажанти во BMW во соработка со одделот за концептни автомобили и модели во фабриката на MW во Минхен. Автомобилот е базиран на SUV моделот BMW X7. Пикап верзијата го добила погонот од модификацијата BMW X7 xDrive40i (просечна потрошувачка на гориво: 9,0 – 8,7 l / 100 km; CO2 емисии (комбинирано): 205-198 g/km), со 5 седишта.
Товарниот простор е помеѓу 140 см (затворен) и 200 см (отворен). Благодарение на лесните материјали за деталите на покривот, задните врати и задниот капак е постигнато намалување на тежината во однос на серискиот Х7 за 200 килограми, и покрај подолгата каросерија за 10 см.
Овој концепт ќе биде изложен на BMW Motorrad Days и токму од таа причина на него е натоварен BMW F 850 GS, моќен мотоцикл од сегментот Adventure. Во описот стои тандем на „верни другари“ кои, благодарение на одличните возни својства и на асфалтот и на чакал, се уникатно патување и можност за одење на најодалечените точки на светот.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1fdCpCpJMfqTwc3jCBMg012s6NFL_DioQ” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Сега за сега BMW не планира сериско производство на пикап моделот, но во компанијата се решени да продолжат да работат на нови вакви специјални проекти. Тие се дел од програмата за стажанти во компанијата, чија бројка во моментов е над 5000.