Официјално: Третата генерација на BMW X6 со уште поспортски стил / ФОТО+ВИДЕО
BMW ја претстави третата генерација на својот најголем купе кросовер модел – X6. Автомобилот е позаоблен, помоќен и технолошки понапреден од кога било досега
Заштитен знак на новиот X6 е предната маска, која како и кај Серија 7 доминира со своите димензии, а во овој случај и многу сјајна.
Моделот X6 се базира на истата платформа како и X5, што значи моторната гама се состои од истиот опсег на 6 и 8-цилиндерски бензински и дизел агрегати.
Влезната верзија е xDrive30d со 3.0-литарски I6 кој развива 265 КС и 620 Nm и кој е најекономичен со просечна потрошувачка од 6.1-6.6 l / 100 km.
Бензинската I6 верзија ќе се нуди во две опции – sDrive40i и xDrive40i, при што и двете опции донесуваат 335 КС и 447 Nm, што е за 33 КС и 47 Nm повеќе од истата верзија во претходната генерација. Забрзувањето е 5,2 секунди, односно 5,3 секунди.
Погоре во гамата е помоќниот, но, исто така и поекономичен M50d кој од 3.0-литарскиот 6-цилиндерски мотор со четири турбополначи вади 400 КС и 760 Nm, а забрзувањето е 5,2 секунди.
На врвот од понудата е моќниот X6 M50I со новиот 4.4-литарски твин-турбо V8 мотор со 530 КС и 750 Nm, кој од 0-100 km/h забрзува за само 4.1 секунди, а максималната брзина е електронски ограничена на 250 km / h.
Новиот X6 може да го повлече терет до 3.265 килограми, а ако ви требаат поголеми теренски карактеристики, верзијата xDrive40i доаѓа со специјален пакет на опрема. Пакетот се одликува со специјални додатоци како што се 2-осовинска воздушна суспензија, електронски контролиран M Sport заден диференцијал и четири специјално дизајнирани режими за возење надвор од патот – снег, песок, чакал и камења.
Кога станува збор за ентериерот, X6 добил Live Cockpit со iDrive системот од Серија 7, кој вклучува 12,3-инчен дигитален контролен панел со 12,3-инчен централен мултимедијален дисплеј.
Треба да спомене и богатството на системи за безбедност, како што се асистенција при возење, систем за детекција во мртвиот агол, предупредување за челен удари, паркирање на растојание, следење на лентата на возење, систем за автоматско менување на лента, избегнување на страничен контакт и слично.
Почетната цена е 64.300 американски долари за моделот X6 sDrive40i со погон на задните тркала, верзијата xDrive40i со погон на сите тркала се движи од 66.600, додека M50I започнува од 85.650 американски долари.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1f-ls12xVz2UD9HKP9_q0eFCFdKTWbTyV” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Новиот X6 ќе се произведува во Спартанбург во американската сојузна држава Јужна Каролина.