Демонстрација на сила! Трамп ја намалува вредноста на акциите на BMW, Daimler и VW
Вредноста на акциите на BMW, Daimler и Volkswagen Group продолжуваат да паѓаат на Франкфуртската берза, откако претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани со воведување на царински тарифи почнувајќи од следниот месец, на увозот на стоки од Мексико, каде што сите три германски гиганти имаат фабрики
Вредноста на акциите на германските компании кои произведуваат автомобили во Мексико поради финансиските предности кои се резултат на евтината работна сила, опаднала за 2,9 отсто.
Истата судбина ја доживуваат и азиските компании, чии акции, исто така, паднаа преку ноќ, вклучувајќи ги и Toyotа, Nissan, Hondа и Mazdа, кои исто така поседуваат фабрики во Мексико.
Трамп изјави дека има намера да стави данок на стоката која доаѓа од Мексико во износ од 5 отсто од вредноста, како и дека има намера да го зголемува овој износ секој месец додека не се достигне 25 отсто на 1 октомври, доколку Мексико не преземе итна акција против илегалните гранични премини кон САД.
Портпаролката на Audi соопшти дека компанијата внимателно ги следи случувањата, но дека е премногу рано да се носат заклучоци.
Познатиот автомобилски аналитичар, Арнд Елингхорст, вели дека германските производители се на удар, истакнувајќи дека новата BMW фабрика во Сан Луис Потоси испорачувала речиси 20 проценти од производството во Северна Америка.
Извор близок до случувањата велидека ситуацијата е збунувачка по однос миграциските прашања, кои припаѓаат на политичката сфера, а особено поради тоа што е во план ажурирање на Северноамериканскиот договор за слободна трговија (NAFTA) оваа година.
Исто така, проблемот се појавува во време кога Европската унија и САД (наводно) работат на спречување на ескалацијата на трговски конфликти, па така јасно произлегува дека некој тука игра нечесно.
Стратегот на Commerzbank, Улрих Лојтман, вели:
„Американската трговска политика зазеде квалитативно поинаков став. Употребата на царински тарифи како алатка за постигнување на неекономски цели е нешто што носи нов амбиент во тековните процедури“.