BMW сакаше најдоцна до 2025 година, да стане нов стратешки партнер на фудбалскиот клуб Баерн Минхен, но планот очигледно доживеал колапс, откако пристигнаа вести дека постои уште еден кандидат кој сака да одвои поголема сума од 800 милиони евра, што е бројката околу која се воделе преговори со производителот на луксузни автомобили.

Портпаролката на BMW за германскиот Spiegel вели дека од потпишувањето на договор нема ништо.

„Преговорите се завршени, а BMW нема да биде спонзор на Баерн Баерн“, вели портпаролката на BMW. Но тоа е се што е споделено со јавноста, без никакви детали.

Во март двете страни потврдија дека се на пред потпишување на спонзорски договор со кој би бил опфатен и истоимениот кошаркарски клуб, што особено беше нагласено од претседателот на Баерн, Ули Хенеси.

Засега Audi беше и очигледно ќе остане уште некое време, стратешки партнер на Баерн. Audi поседува 8,33% од акциите на спортскиот клуб, а германскиот FAS известува дека ќе остане така и во блиска иднина.

За време на преговорите, Баерн му ветил на BMW дека ќе ја разреши ситуацијата со договорот што Audi го има за спонзорство до 2025 година. Меѓутоа, шефот на Audi, Брам Шот инсистирал на строго почитување на договорот, а по противењето на партнерите од светот на спортот, очигледно е дека и го зголемил износот на спонзорство.

Така, според германските медиуми, Audi сега на Баерн му ниди износ од 60 милиони евра годишно за договорот да биде продолжен на следните дванаесет години, што индиректно значи дека вкупната вредност на договорот за спонзорство се искачила на милијарда евра, земајќи ги во предвид и другите дополнителни исплати. Раководството на BMW зазело став дека „нема економска оправданост за плаќање на таква сума“.