BMW X1 – први фотографии од рестилизираниот кросовер
Уште еден кросовер од гамата на BMW во освежено издание е на прагот на својата премиера, а на интернет се појавија и првите фотографии без камуфлажа
За предвременото појавување на најмалиот SUV од минхенската компанија „најодговорна“ е кинеска институција одговорна за сертификација на производи, што значи дека ова е верзијата наменета за локалниот пазар.
Значи, ова е варијантата со продолжено меѓуоскино растојание. И покрај тоа, освежениот X1 користи пресликан стил од европскиот модел, така да веројатно моделот за Европа ќе биде идентичен со нешто помалку милиметри помеѓу осовините.
Најзначајните промени се однесуваат на предниот дел од возилото. Што се однесува до маската на ладилникот препознатлив е стилот од поголемите браќа. Предниот браник, исто така, е редизајниран, а кружните светла исчезнале од предната страна. На ист начин се модифицирани и задните светлосни групи.
Според кинеското тело за сертификација, палетата на мотори сега ќе има поголема моќ. Основна единица со волумен од 1,5 литри ќе испорачува 155, наместо претходните 136 коњски сили, додека 4-цилиндерскиот агрегат ид два литри сега ќе развива 214 КС, за разлика од претходните 192. Сепак, спецификациите на европските верзии можеби ќе бидат малку поинакви.
Датумот за премиера се уште не е утврден, но очигледно е дека нема уште многу да се чека.