Еден ден откако беа откриени фабричките скици од внатрешноста на Volkswagen Golf 8, пристигнаа и првите шпионски фотографии од вистинскиот ентериер

Како што можеше да се види од скиците, Volkswagen радикално ја редизајнирал внатрешноста на новата генерација на Golf, во која доминираат два големи екрани.

Веднаш доконтролниот дигитален екран, се надоврзува мултимедијалниот екран осетлив на допир, преку кој се контролираат повеќето функции на автомобилот. Тој е овичен со сјајна црна пластика, додека по должина на целата контролна табла се протега лајсна која изгледа како да е направена од алуминиум.

На левата страна од контролната табла се забележува уште еден екран на допир со сет на копчиња.

Премиерата на новиот Golf се очекува во октомври, а продажбата ќе започне на пролет следната година.