Mercedes-AMG го укинува задниот погон!
Шок за AMG фановите
Само една недела откако првиот човек на AMG, Тобиас Моерс, го најави скориот „премин на електрична енергија“, или електрификација на сите модели од 2021 година, од преформантниот оддел на Mercedes доаѓа нова бомба. Веста вели дека задниот погон се трга од понудата на AMG. Сите модели, вклучувајќи го и AMG GT, ќе имаат 4Matic погон, барем така дознава британскиот Autocar во интервју со Моерс.
Верувале или не, зад оваа одлука стои пазарот, а нели купувачот е секогаш во право.
„Клиентите одлучија сами, а повеќето рекоа дека сакаат погон на сите тркала“, открива Моерс за британскиот магазин. А како пример ја дава Е-класата во AMG издание, чии клиенти во 90% од случаите избрале дека сакаат погон на сите четири тркала.
Кога станува збор за „најбруталниот“ модел од сите, AMG GT, Моерс вели дека е инфериорен токму поради неупотребливоста предизвикана од недостатокот на погон на сите тркала. Наводно, затоа корисниците повеќе претпочитаат Porsche 911, Lamborghini Huracan и други модели кои се нудат и со погон на сите тркала.
Ова значи дека AMG наскоро ќе има само хибриди во својата понуда, секој ќе има 4Matic погон, а наскоро се укинува и V12 погонската единица. Значи, ако сакате „расен“ AMG, веројатно ќе морате да се обратите во Aston Martin или да побрзате и да си го купите S65 Final Edition.