“Небесната палуба” ќе биде поставена на врвот на 60. катниот Paramount Miami World Center

Летачките автомобили повеќе не изгледаат толку футуристички. Некои компании сериозно се подготвуваат за иднината, исполнета со овие возила, кои не само што може да се движат по земја, туку и низ воздухот. Потврда за ова е еден претприемач од американскиот град Мајами, Флорида.

Изградбата на еден станбен облакодер во центарот на градот веќе е при крај, а со тоа и планот за поставување на „небесна палуба“, најавена пред една година, се приближуваат конреализација. Како што објави ТВ каналот WSVN 7 News, 60. катниот Paramount Miami World Center ќе добие платформа за слетување на летечки автомобили. Даниел Кодси, извршниот директор на компанијата и изведувач на проектот Paramount Ventures, вели дека идејата му дошла од анимираниот филм The Jetsons.

„Откако се појавија The Jetsons (1962), Америка не престанува да зборува за летечките автомобили. Тоа е она што ве инспирира, за што мислите, кога креирате таков проект. Не престанувате да се прашувате: Каква ќе биде иднината? Што ќе се случи во иднината?“.

Менаџерот смета дека поради преоптовареност на автопатиштата и улиците во Мајами, транспортната мрежа во Флорида ќе има потреба од летечки автомобили, особено во богатите општини. Тој вели и дека во моментов се водат преговори со голем број производители на летала, но ниту еден од нив се уште не располага со производствена верзија на летечки автомобил.

Paramount Miami World Center ќе има повеќе од 500 апартмани од висока класа, над 20 луксузни пентхауси и голема „небесна палуба“. Изградбата на оваа импресивна градба ќе биде завршена до крајот на годината.