Чарлс Леклерк во интервју по првиот ден од второто предсезонско тестирање во Барселона изјави дека за неговиот тим има уште многу работа која треба да се заврши до крајот на оваа недела

Ferrari за прв пат при тестирањата се најде во проблеми со сигурноста на нивниот болид, поради истекувањето на течноста за ладење на моторот.

Поради овој проблем, вчера претпладне Леклерк извозе само 29 круга. Пткако механичари успеаја да го поправат проблемот, во поладневните часови Фетел извозе преку 80 круга и заврши солидна работа.

„За жал, ова утро направивме помал број круга отколку што планиравме, но верувам дека со заеднички сили ќе можеме да го надминеме до крајот на оваа недела“, изјави Леклерк. „Условите на патеката малку се променија споредбено со минатата недела, па имав малку проблеми со болидот на почетокот од денот. Верувам дека ќе сториме сé, но се уште има многу работа“, дополни Леклек.

Попладнето, Фетел го презеде SF90 и направи многу кругови со различни поставки на болидот тестирајки ги меките гуми на Pirelli.

„Сè уште не сме го разбрале целосно болидот, работиме на тоа. Исто така, ние се обидуваме со нови поставки на болидот за да видиме како ќе се однесува во различни услови. Користевме и помеки гуми од Pirelli за да го разбереме нивното однесување“, вели Фетел.