Новиот возач на McLaren, Карлос Саинц, на тестирањата во Барселона ги одработи првите кругови во овогодинешниот болид на неговиот нов тим

За разлика од неколкуте минати сезони, во McLaren има причина да бидат задоволни, бидејќи сè е направено е во согласност со зацртаниот план. Згора на се, Саинц на првиот ден од тестирањата во Барселона го постигна второто најбрзо време, а само двајца други возачи направија повеќе кругови од Шпанецот во McLaren, кој извозе вкупно 119.

„Мислам дека сите во тимот може да бидат среќни и горди на работата што ја завршивме во текот на првиот ден од тестирањето“, вели Саинц.

 

„Напорната работа во текот на зимата и нашите напори да го направиме болидот целосно подготвен за почеток на тестирањето се исплатеше. Во текот на денот работевме подолги стинтови и собиравме информации без никакви проблеми. Можеме да кажеме дека ова е добар почеток поради што сите сме среќни, и ние на патеката, но и оние кои напорно работеа и кои не поддржува од базата во Вокинг“, продолжи Шпанецот.

Освен за оптимистичкиот почеток,, Саинц говори и за професионализмот и квалитетот што ги видел при неговото доаѓање во McLaren, иако тимот во минатите сезони мина низ навистина тежок период.

„Штом дојдов, сфатив дека овој тим имал знаење и квалитет и тоа никогаш не било сомнително. Дури и пред да дојдам, бев уверен дека овој тим може да напредува“.

На крајот, Саинц сепак ја „спушта топката“ нагласувајќи дека и покрај добрите показатели и добри перформанси, тимот сеуште не е на ниво кое сите би сакале да биде.

„Иако постигнавме добар резултат, перформансите се уште не се такви какви што сакаме и затоа пред нас е секако уште долг пат на развој“, заклучува Саинц.