Новиот возач на Renault, Даниел Рикардо, изјави дека ризикот од неуспех ќе бил поголем ако останел во Red Bull кој има нов партнер за погонски единици – Honda

Најавата на Австралиецот дeka го напуштa Red Bull беше главна тема минатото летo и изненади многумина, особено бидејќи се одлучи за Renault со чии погонски единици имаше многу проблеми.

Renault навистина постигна напредок откако се врати во Formula 1 во 2016 година, а 2018 година ja заврши на четвртото место во рангирањето на конструкторите. Сепак, не се очекува Рикардо оваа година да ги предизвика Red Bull, Mercedes или Ferrari.

„Верувам дека постои ризик од чекорите што ги направив со одењето во Renault, но мислам дека ја избрав подобрата опција отколку да останам во Red Bull. Ние во (во Renault) не сметаме дека ќе победуваме веднаш, така што очекувањата не се толку големи во споредба со оние на Red Bull“, вели Риакрдо.

„Секоја година имаш чувство дека ќе се случи, а потоа нема да победите. Сметам дека поголемиот ризик од таков неуспех сепак е во Red Bull. И останувањето и преминувањето носат некои ризици, но кој ризикува тој и добива. Чувствувам дека овој тим се крева со голема брзина и мислам дека можам да направам повеќе тука и да се чувствувам помалку фрустриран“, додава Рикардо.

По потпишувањето со Renault, Рикиардо имаше големи проблеми со сигурноста на неговиот автомобил во вториот дел од сезоната. Според него, таквата ситуација не влијаела да ја преиначи одлуката за премин во Renault.

„Повеќето од проблемите што ги имав беа 50-50. Во Остин тоа беше грешка на тимот на Renault а една недела подоцна – наша, тимска. Тешко е да се каже што би било ако останев. Honda може да ja донесе предноста, но повторно на многу полиња е голема непознаница“, продолжува Рикардо.

„Renault сеуште не е на ниво што сака да биде од гледна точка на погонската единица, но од 2014 година навистина се обидува да се изедначи или да биде во предност во однос на останатите. Инженерите прават грешки, но учат од нив. Веројатно ќе има уште грешки, но некако имам чувство дека ќе бидат помалку и ќе напредуваме“, заврши Рикардо.