Побрз и од Urus: Bentley повторно е најбрз во светот / ВИДЕО
Во SUV сегментот, Bentley Bentayga и Lamborghini Urus се борат за титулата „Најбрз“. Во моментов во водство е (повторно) Bentley
Главниот виновник за ова е Bentayga Speed, изведба на луксузниот SUV модел, подготвена да забрза до 305 km/h, што го овозможува 6.0 W12 битурбо мотор со 635 КС и 900 Nm. Дополнителните 30 „коњи“ споредбено со стандардната верзија го намалиле и времето на забрзување, па така големиот Bentayga до 100 km/h пристигнува за неверојатни 3,9 секунди.
И ако некогаш на патот го видите овој ѕвер, знајте дека Speed изведбата од стандардната се дистанцира по 22-инчните тркала, ознаките за изведбата и задниот спојлер. За прв пат во внатрешноста има површина обложена со алкантара, а има место и за осветлената ознака за изведбата.