
Новиот McLaren е многу поинаков, вели Сајнц
Карлос Сајнц Јуниор вели дека го видел новиот McLaren за 2019, и е многу охрабрен. Според новиот пилот на тимот, пред тимот е добра година
„Новите правила отвораат можност за тимовите кои имаа потешкотии минатата сезона. Г видов болидот во фабриката и многу ми се допаѓа како дизајн, иако се уште не е обоен“.
„Многу е различен и ми се допадна уште на прв поглед. Видов скици со бои на дизајнот, како и аеродинамиката, и многу сум задоволен. Сега најважно е какви ќе бидат резултатите на тестовите. Нестрпливо ги очекувам“.
Сајнц вели дека McLaren научил многу од сезоната 2018 и ги откриле сите недостатоци. Со реструктуирањето и напорите на целиот тим, тимот ќе се обиде да се врати таму каде што припаѓа, меу најдобрите.
Карлос ги коментира и шансите за враќање на Алонсо во 2020.
„Уште е многу рано да се даваат проценки бидејќи тој само што замина. Импресиониран сум од она што тој го прави во моментов, бидејќи знам за што се е способен“.
Sainz likes the look of very different new McLaren https://t.co/pF1LquoQIO
— ?? PitWall Express ?? (@wall_pit) February 5, 2019