Ниту еден од трите германски премиум производители не нуди луксузни и големи лимузини во караванско издание, а камоли со спортски перформанси

Еден таков концепт е замислен од рускиот дизајнер Никита Аксјонов кој одлучил својата замисла да ја сподели со корисниците на мрежата Behance. Овој пат станува збор за BMW и тоа Серија 7. Тој ја замислил во караванско издание, а тогаш ниту тоа не му било доволно. Наместо да застане со топ изведбата на M760Li, тој своето „бебе“ го нарекол М7.

Не изгледа воопшто лошо, зарем не?!