Mitsubishi го бележи најголемиот раст на пазарот од јануари до октомври

Toyota и понатаму е најпродаван автомобилски бренд автомобили во светот, велат резултатите од првитe 10 месеци во 2018 година За овој период јапонската компанијата реализирала 7.330.000 продажби на нови автомобили, што е за 2,1% повеќе од истиот период во 2017 година.

На второ место е Volkswagen со 5.780.000 реализирани продажби (+2.2%), а на трето Ford со 4.620.000 продажби низ целиот свет. Американскиот бренд, сепак, објави пад на продажбата во споредба со 2017 година (-8,5%).

Топ 10 најпродавани автомобилски марки во 2018 година

  1. Toyota (7.330.000)
  2. Volkswagen (5.780.000)
  3. Ford (4.620.000)
  4. Nissan (4.160.000)
  5. Honda (4.130.000)
  6. Hyundai (3.700.000)
  7. Chevrolet (3.390.000)
  8. Kia (2.400.000)
  9. Mercedes-Benz (2.140.000)
  10. Renault (2.130.000)

Најголем раст во продажбата за периодот од 1 јануари до 31 октомври го бележи бренд кој не е во Топ 10. Тоа е јапонската марка Mitsubishi чиј раст во првите 10 месеци е 22%. Веднаш по неа е руската Lada со раст од 20,1%.

Во првата петорка според овој показател влегуваат уште кинеските компании Geely (+20%) и BYD (+19,8%), како и шпанскиот производител Seat, чија продажба се зголемила за 17,4%.