Германците и Кинезите заеднички развиваат мали урбани електрични автомобили
Три прототипи на електрични возила за мобилност во иднина, кои ги имаат развиено германскиот BASF и центарот за истражување и развој на кинескиот GAC, се презентирани на Меѓународниот автосаем во кинескиот град Гуангжу
Станува збор за модели со футуристички дизајн и две седишта наречени 2US, 2U и 2all, кои, како што беше обавено од страна на двете компании, ги задоволување на потребите на различни возачи, без разлика дали станува збор за постари граѓани, жени возачи или почетници.
Моделот 2US, меѓу другото, нуди седишта кои можат да се ротираат до 90 степени, прототипот 2U е специфични поради седиштата со транспарентни делови, а моделот 2ALL е лесен за управување и е ефтин за одржување.
Возачите, како што се наведува, имаат можност да уживаат во иновативни решенија за прочистување на воздухот, современи материјали за седишта, високо-квалитетна механички платформа и најнапредни батерии за електрични возила, а секој автомобил е дизајниран со идејата дека може да се користи во т.н. систем на поделба автомобили – car sharing.
„Споделувањето на автомобили и електрификацијата се исклучително важни за најголемиот автомобилски пазар во светот – Кина. Во прилог на тоа, потребите и индивидуалните преференции стил на кинеските возачи станаале разнолики поради зголемениот број на женски возачи и возачи во години„, вели Џанг Фан, потпретседател на GAC центарот за истражување и развој.
Исто така се вели дека ова е првпат BASF да соработува со кинески производител на автомобилски делови за развој на прототип на автомобил.