Новата генерација бензински и дизел-мотори на сцената ќе стапи во 2026 година

Веројатно ви е познато е дека групацијата Volkswagen инвестира огромни ресурси во развојот на електрични возила по dizel скандалот. Иако ова не значи дека моторite со внатрешно согорување се запоставени, поместувањето на фокусот кон електрификацијата веќе сега влијае на нив. Агенцијата Reuters објави дека новата генерација на SUS мотори од Volkswagens ќе биде последна.

Говорејќи на индустриска конференција одржана во близина на седиштето на компанијата во Волфсбург, шефот за стратегија за VW, Михаел Јост, откри дека „неговите колеги работат на најновата платформа за возила кои не се CO2-неутрални“. Тој вели дека VW постепено ги ќе намалува моторите со внатрешно согорување се до апсолутен минимум.

Иако овие изјави практично ставаат точка на SUS моторите, ова секако нема да се случи преку ноќ. По лансирањето на новата генерација на автомобили што ќе бидат управувани од бензински и дизел мотори, VW ќе продолжи да ја унапредува технологијата во тој домен. Јост предвидува дека дури и по 2050 година, германскиот конгломерат ќе произведува автомобили со конвенционални мотори и ќе ги продава во некои делови од светот каде што инфраструктурата за електрични возила нема да биде подготвена.

Во меѓувреме, развојот на електрични возила продолжува според планот. Во срцето на офанзивата „нулта емисија“ е новиот модуларна платформа (MEB), кој нема да биде резервирана само за брендот Volkswagen, туку ќе ја користат и Audi, SEAT, Škoda и VW комерцијални возила. Во исто време, Audi и Porsche работат заедно на премиум електрифицирана платформа (PPE) за поголеми модели.

Првиот сериски автомобил на платформата MEB ќе биде I.D. хеџбек, кој во продажба треба да се најдо во 2020 година, со цена еднаква на Golf дизел. Исто така, приближно во исто време, Porsche во своите салони ќе го има новиот Taycan, додека Audi ќе ја лансира сериската верзија на концептот E-Tron GT.