Со новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 1,12%

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 1,12%.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на цената утврдена со Одлуката од 15.04.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 72,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 15.04.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 74,00 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-ЕV) изнесува 63,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,078 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 15.04.2019 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 34,377 ден/кг.

Новите цени на горивата почнуваат да се применуваат од полноќ на 01.05.2019 година.

Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период изнесувала 71,891 $/барел или за 2,086% повисока од просечната цена на суровата нафта (70,422 $/барел) по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-то дневен период изнесувал 54,5452 ден/$ или за 0,233 % понизок од курсот на доларот (54,6727 ден/$) по кој се формирани тековните цени на нафтените деривати.