Fiat ги укинува дизел моторите за Panda и моделот 500 во Европа
Според Automotive News, во Fiat одлучиле од понудата за Европа за своите мали возила да се повлечат дизел агрегатите и наместо нив да се понудат благи хибриди
Дизел варијантите заклучно со август чинеле само 15% од продажбата на Panda, додека ситуацијата со моделот 500 е значително различна, бидејќи процентот на возила со овој тип на погон е само 4% за истиот временски период.
Што се однесува до понатамошните планови, дефинитивно е познато дека 500 ќе добие електрична верзија, а Panda треба да тргне по друг пат и да усвои хибридна технологија. Двата модели досега оваа година сочинуваат дури 47% од продажбата на Fiat во Европа, но и двата автомобили бележат полоши резултати споредбено со минатата година.
Fiat уште не ги потврдил овие наводи, но тешко е да се поверува дека ќе се одлучат да ги задржат дизел единиците, особено што и WLTP изврши дополнителен притисок врз производителите. Засега нема коментар од италијанскиот бренд за иднината на дизелите во големите модели од својата гама.